More

    Се олеснуваат процедурите за поставување фотонапонски електроцентрали за домаќинствата и за компаниите

    spot_img

    Се олеснуваат процедурите за поставување фотонапонски електроцентрали за домаќинствата и за компаниите, соопшти Владата.

    Стапија на сила измените на Законот за градење како дел од низата мерки за поддршка во услови на најголемата светска енергетска криза. Граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја.

    Се поедноставува процедурата за поставување фотонапонски електроцентрали на објектите и тоа до 6 киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите.

    Клучно е што процедурата е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение/решение за градење од локалната самоуправа.

    Инвеститорите се сега должни само да ја известат Општината и да ги достават потребните документи. За правни лица ќе биде потребен извод од Централен регистар, а за физички лица копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект. Контролата дали се поставени фотоволтации како што е предвидено со проектот ќе ја вршат општинските инспектори.

    Поточно, граѓаните треба да достават известување за поставување на фотонапонска електроцентрала кон кое ќе приложат: копија од лична карта, имотен лист за објектот на кој се предвидува да се постави фотонапонската електроцентрала, со право на сопственост на инвеститорот, доколку објектот не е во сопственост на инвеститорот, се доставува договор или согласност од сопственикот на објектот, основен проект за фотонапонска електроцентрала до 6 киловати за домаќинствата, односно до 40 киловати за компаниите.

    Со измените се предвидува посебна постапка за поставување фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img