More

    Се испитуваат идеолошките мотиви за злосторството

    spot_img

    Федералните безбедносни служби на САД истражуваат дали напаѓачот кој уби осум лица во трговски центар во Далас бил приврзаник на идеологијата за надмоќ на белата раса, додека се обидуваат да го утврдат мотивот за нападот, изјавија претставници на службата, нагласувајќи дека истрагата е во раните фази.

    Федералните агенти ги прегледуваат профилите на социјалните мрежи на Маурицио Гарсија (33), на кои тој објавувал статуси кои имаат неонацистички и расистички ставови. Кога бил убиен од полицијата Гарсија носел ознака на градите на која пишувало „RWDS“, акроним за фразата „Десничарски одред на смртта“, популарен меѓу десничарските екстремисти и групите кои веруваат во супериосноста на белата раса.

    крај прегледувањето на објавите на социјалните мрежи, федералните агенти интервјуирале членови на семејството и познаниците на Гарсија за да ги утврдат неговите идеолошки убедувања, додаде функционерот. Се разгледуваат и финансиски документи, он-лајн публикации и други електронски медиуми.

    Одделот за јавна безбедност во Тексас го идентификуваше Гарсија како осомничен за убиството на осум лица во трговски центар во Тексас. Триесет и тригодишникот беше смртно застрелан во саботата од полицаец кој случајно се нашол во близина на местото на нападот.

    Службеник за спроведување на законот рече дека истражителите пребаруваат мотел во Далас каде престојувал Гарсија. Според него, полицијата на местото на инцидентот пронашла многу оружје, меѓу другото и автоматска пушка и пиштол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img