More

    СДСМ не ја признава анкетата на ИРИ

    spot_img

    Објавените резултати од истражувањето на Меѓунардониот Републикански Институт (ИРИ) не го прикажуваат реалното расположение на граѓаните сега, реагираше СДСМ откако Американскиот институт ИРИ денеска ги објави деталите од анкетата кои се однесуваат на рејтингот на политичките партии во Македонија, а кои покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во водство.

    „Анкетата е спроведена во месеците ноември и декември 2021 година, односно пред 4 месеци. Вакви податоци од пред 4 месеци може да се каже дека немаат соодветна релевантност денеска односно се надвор од актуелниот политички контекст. Во периодот од изминатите 4 месеци, имаме сосема поинаква политичка реалност, нова влада којашто е избрана во јануари, со нов премиер, зголемено паралемнтарно мнозинство и многу други фактори кои се променети по ова истражување а силно влијаат на перцепциите. Оттука, цениме дека објавувањето на резултатите од анкетата создава погрешна перцепција кај граѓаните, како за рејтинзите на политичките партии, така и во однос на другите теми и прашања од истражувањето. Ги охрабруваме сите домашни и меѓународни институции и организации навремено и целосно да ги објавуваат резултатите од своите истражувања, за да се избегнат какви било погрешни толкувања“, соопшти СДСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img