More

    САД ДО СВОИТЕ ДРЖАВЈАНИ – „Веднаш напуштете ја РУСИЈА“

    spot_img

    Амбасадата на САД во Москва ги повика американските граѓани да ја напуштат Русија што е можно поскоро, додека сè уште има некои опции за комерцијално патување.

    „На 21 септември, руската влада почна да ги мобилизира своите граѓани во вооружените сили за поддршка на инвазијата на Украина. Русија може да одбие да го признае американското државјанство на двојни државјани, да им оневозможи пристап до американска конзуларна помош, да го спречи нивното заминување од Русија и да регрутира двојни државјани на воена служба“, се вели во соопштението.

    Со оглед на многу ограничениот број летови надвор од Русија, амбасадата ги советува своите граѓани дека доколку сакаат да ја напуштат Русија, тоа да го сторат што е можно поскоро.

    -„Амбасадата на САД има многу ограничени опции кога станува збор за помош на американските граѓани, а условите – вклучително и можноста за транспорт, одеднаш може да станат уште поограничени“, додаваат во соопштението.

    Тие наведуваат дека граѓаните на СА не треба да патуваат во Русија, „а оние што живеат или патуваат во Русија треба веднаш да ја напуштат Русија“, додека сè уште има ограничени опции за комерцијално патување.

    „Ги потсетуваме граѓаните на САД дека правото на мирно собирање и слободата на изразување не се загарантирани во Русија. Избегнувајте ги сите политички или социјални протести и не фотографирајте го безбедносниот персонал на овие настани. Руските власти уапсија американски граѓани кои учествуваа во протестите“, соопшти американската амбасада.

    Претходно денеска и Бугарија и Полска ги поканија своите граѓани да се вратат од Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img