More

    Руслана: Дали сакате Чернобил 2?

    spot_img

    Украинската пејачка Руслана Лижичко повторно им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи по повод војната во Украина. Пејачката сега се обрати, меѓу другите, и на американскиот претседател Џо Бајден и на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

    „Како амбасадор на мојата земја, како победничка на Евровизија, сега зборувам во име на целиот мој народ. Бараме од претседателот Џо Бајден и од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да го заштитат нашето небо. Украинската армија ќе ја штити Европа ако вие не заштитите нас. Донесете одлука поради безбедноста на целиот свет“, порачала Руслана.

     

     

    „Ние Украинците никогаш нема да се откажеме. Сите сме во опасност, не само Украинците. Знаете ли што значи тоа? Не разбирам зошто руската и белоруската армија не напаѓаат? Мора да разберете дека Путин е многу опасен терорист за сите луѓе во светот. Реагирајте пред да биде доцна“, додала таа.

    Руслана објавила и на Инстаграм стори во која вели: „Дали сакате Чернобил 2?“.

    Руслана, која се прослави по победата на Евровизија во 2004 година со песната „Wild Dance“, неодамна испрати апел до Европската унија.

    ФОТО: Јут

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img