More

    Русковска на работен ручек со амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бoмгартнер и судијата за врска со седиште во Белград, Фредерик Дибост

    spot_img

    Шефицата на Основнито јавено обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска имаше работен ручек со амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бoмгартнер и судијата за врска со седиште во Белград, Фредерик Дибост, која неодамна стапи на оваа функција, информираа од Јавното обвинилтество.

    На работниот ручек, што беше во знак на запознавање, стана збор за надлежноста на судијата за врска при Амбасадата на Франција, кој нема судска функција, туку има за цел да ја олесни билатералната кривична и граѓанска судска соработка помеѓу Франција и земјите во нејзината јурисдикција – Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Кипар, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

    Воедно покрај прашањата поврзани со актуелните состојби во Обвинителството, беа разменети и информации за францускиот правосуден систем и системот на земјите што се под нејзина јурисдикција, а беа понудени и можности за остварување на соработка преку организација, анимација или поддршка за обуки и семинари, учество на размена и состаноци поврзани со кривично правната материја, се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img