More

    Руските власти не се сомневаат дека инцидентот на мостот на Крим е терористички напад врз критична цивилна инфраструктура

    spot_img

    Руските власти не се сомневаат дека инцидентот на мостот на Крим е терористички напад врз критична цивилна инфраструктура, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи ги за овој чин украинските специјални служби.

    – Како што штотуку објавивте, нема сомнеж. Станува збор за терористички чин чија цел е уништување на критичната цивилна инфраструктура на Руската Федерација – рекол тој на средбата со шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин – пренесе ТАСС.

    Путин рекол дека извршители и нарачатели на експлозијата биле специјалните служби на Украина, додека истражителите утврдиле дека сопственик на камионот во кој се наоѓал експлозивот бил жител на Краснодарската територија, пренесува Риа Новости.

    На 8 октомври рано утрото одекна експлозија на камион на мостот на Крим, по што се запалиле седум цистерни со гориво од воз кој се движел по железничкиот дел од мостот. Од експлозијата делумно пропаднале две коловозни ленти, додека потпорите не се оштетени.

    Во експлозијата загинале три лица, патници од автомобилот што бил до камионот. Истиот ден на мостот беше обновен сообраќајот, но само за автомобили. Малку подоцна беше обновен и железничкиот сообраќај.

    Камионите и автобусите мора да го користат траектот, како привремена мерка.

    И „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ објавија дека нападот бил организиран од киевските разузнавачки служби.

    Висок украински функционер интервјуиран од „Њујорк тајмс“ тврди дека зад експлозијата стои Киев, додавајќи дека нападот бил организиран од украинските разузнавачки служби, кои организирале поставување бомба на камион што возел преку мостот.

    Ваквото тврдење го повтори и „Вашингтон пост“. Повикувајќи се на претставник на украинската влада, овој медиум експлозијата им ја припиша и на специјалните служби на земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img