More

    Руската армија не сметаше на овој проблем во Украина

    spot_img

    Американски Њузвик пишува дека руската војска во Украина се бори со стаорци, не само со украинските војници.

    Војната во Украина се чини дека нема да заврши наскоро, а американскиот Њусвик пишува дека руската армија не се бори само со украинската војска, туку и со стаорци. На социјалните мрежи се појави запис со фотографии од стаорци во рововите.

    Во текот на претходните недели заладуваше и работите наводно значително се влошиле, пренесуваат медимите. Не е познато каде и кога е снимено ова видео.

    Во февруари, независниот руски медиум Верстка интервјуираше поранешен руски војник кој рече дека живеел со месеци во ровови преполни со глувци и стаорци. Тој ја опиша ситуацијата од село во близина на Доњецк.

    – Јас сум топџија, поранешен наредник и порано бев дивизиски наредник. Мислев дека можам да помогнам. Воената канцеларија ме испрати на обука која траеше неколку недели. Не пуштија да пукаме малку, ни покажаа како да таргетираме згради, како се оди по тројца, како се копаат ровови. Сето тоа беше набрзина. Прво завршив во шаторски камп, но по три дена беше бомбардиран. Потоа се преселивме во село Тарамчук, не далеку од Доњецк. Поминав таму околу три месеци во рововите. Во прашина, со глувци и стаорци – рече тој.

    Дури и дома во Русија војниците се борат со глодари. На почетокот на овој месец, жителите на воениот град во руската област Чељабинск се пожалија дека офицерските куќи се полни со стаорци со големина на мачка, како и со лебарки.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img