Професионалната фудбалска лига на Франција (ЛФП) престана да прикажува натпревари од Лига 1 на територијата на Руската Федерација.
Одлуката е донесена поради војната во Украина, а како дел од санкциите воведени кон Русија.
„ЛФП одлучи да го раскине договорот за пренос на натпреварите од француското првенство во Русија на „Матч ТВ“ денеска“, се вели во соопштението на организацијата.
ПСЖ е лидер во францускиот шампионат со 62 бода на 26 трки, додека второпласираниот Олимпик од Марсеј има 15 бодови помалку.
Да потсетиме, натпреварите од викендот во Премиер лигата нема да се емитуваат во Кина, во знак на поддршка за Русија во воената интервенција во Украина, дознава Би-Би-Си.