Москва е подготвена за преговори за предавање на Украина, соопшти вечерва Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател. Тој рече дека Путин е подготвен за преговори со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со фокус на „гаранциите за неутрален статус“ и „ветувањето дека нема да има оружје на територијата на Украина“.
– Тоа се условите кои ќе овозможат постигнување на „демилитаризација и денацификација на Украина“ и ќе го елиминираат она што Русија во моментов го смета за „закана за безбедноста на руската држава и народ“ – рече Песков и додаде:
– Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се инсталираат и користат системи за оружје.