More

    Роговите на сите видови носорог постепено се скусуваат и стеснуваат последниве сто години

    spot_img

    Роговите на сите видови носорог постепено се скусуваат и стеснуваат последниве сто години, а причината за тоа е само човекот, односно ловот, утврдија научниците. Имено, од 2007 година, ловокрадството е во раст поради употребата на роговите во традиционалната азиска медицина, се истакнува во истражување на Кембриџ, објавено во списанието „Пипл енд нејчр” (People And Nature), засновано на анализи на фотографии од последниве 140 години.

    Оскар Вилсон, одговорен за научниот труд за оваа еволуција, смета дека носорогот развил рогови, некои видови – заради храна, а други за одбрана од грабливците. Научниците мереле и други делови од телото на носорозите, за точно да се измери должината на рогот пропорционално со телото.

    – Ние веруваме дека живеењето со помали рогови може да му наштети на нивниот опстанок – појасни тој.

    Носорозите се загрозен вид и денес ги има околу 30.000 во дивината. На почетокот на 20 век ги имало половина милион. Уште повеќе, три подвида – црните, јаванските и суматранските се на списокот критично загрозени видови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img