More

    Раскинаа Ларса Пипен и синот на Мајкл Џордан

    spot_img

    Ларса Пипен (49), поранешната сопруга на познатиот кошаркар Скоти Пипен (58) и Маркус Џордан (33), синот на Мајкл Џордан (60), повеќе не се заедно, тврди американскиот магазин „Пипл“, повикувајќи се на информиран извор.

    Тоа го поткрепува и тоа што Ларса Пипен ги избриша сите заеднички фотографии од Инстаграм, а на една од своите инстаграм-приказни на своите следбеници, кои бројат речиси пет и пол милиони, им постави прашање: „Дали твоите пријатели треба да го отследат твојот поранешен?“.

     

    Веста за раскинувањето одекнала во американските медиуми затоа што нивната врска од почеток била многу контроверзна и направила многу проблеми во односите со семејството на Џордан.

    Ларса и Маркус првпат беа видени заедно во јавност во јапонски ресторан, а потоа тврдеа дека се во пријателски односи. Но, сè брзо прерасна во нешто повеќе и тоа не можеа да го сокријат. Згора на тоа, Ларса отворено зборуваше за тоа што прават меѓу четирите ѕида.

    – Секогаш имав секс барем четири пати на ден. Тој број сега се зголеми. Сега имам секс барем пет пати дневно и тоа со човекот на својот живот – рекла во една прилика Ларса.

    Џордан и Пипен со години беа соиграчи во шампионскиот Чикаго Булс и останаа во добри односи. Скоти и Ларса имаа четири деца во нивниот 24-годишен брак, Скоти помладиот (23), Престон (22), Џастин (19) и Софија (16).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img