More

    Рама: Политиката на Курти ја прави Србија жртва, уживам да се расправам со него

    spot_img

    Премиерот Еди Рама изјави дека документот за формирање на Заедницата на српските општини на Косово, кој го подготвил, го виделе само шефот на француската држава Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, јавуваат приштинските медиуми.

    Рама оцени дека косовските власти со своето однесување прават „Србија да изгледа како жртва, што е трагично“.

    Мене никој не ме праша, тоа го направив сам и тоа е придонес за кој мислам дека е најдоброто од она што сум го прочитал, слушнал и видел од другите. Може да има и подобри, изјави Рама за телевизијата Клан Косова и повтори дека не се консултирал со властите во Приштина.

    Рама рече дека нема личен проблем со косовскиот премиер Аљбин Курти, но дека не се согласува со неговата политика, бидејќи ја направил Србија да изгледа како жртва пред меѓународната заедница.

    Таа политика стана пречка, не е во ред. Не го напаѓам Курти. Заземам став за одредена политика. Немам ништо лично. Го имам Курти за пријател и тој е некој со кој уживам да се борам, изјави Рама.

    Зборувајќи за откажувањето на средбата од страна на Курти, Рама оцени дека тоа е резултат на идејата дека ставот на Косово е точен, а целиот свет греши.

    Приштинските медиуми ги наведоа пораките од Европската унија дека идејата на Рама за меѓународна конференција за Србија и Косово „мора да биде координирана со посредниците во дијалогот и страните“.

    Ја поздравуваме секоја поддршка на високо ниво за дијалогот предводен од ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, особено во овој предизвикувачки момент, рече портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

    Рама, предлагајќи ја конференцијата, изјави дека Курти и Вучиќ „не смее да им се дозволи да си заминат без да постигнат договор“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img