More

    Путин му рече на шеикот дека не сака никому да прави проблеми

    spot_img

    Целта е да се создаде стабилност на светските енергетски пазари, а не да се создаваат проблеми. Одлуката на ОПЕК+ да го намали производството на нафта за два милиони барела дневно има за цел да создаде стабилност на светските енергетски пазари, а не да создава проблеми за некого, рече претседателот Владимир Путин на средбата со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан во Санкт Петербург.

    – Ние активно работиме во рамките на договорот ОПЕК+. Го знам вашиот став. Нашите постапки, нашите одлуки не се насочени против никого, не го правиме тоа за да му создадеме проблеми некому – рече Путин, пренесе агенцијата ТАСС.

    Како што истакна рускиот претседател, нивните акции се насочени кон создавање стабилност на светските енергетски пазари, така што и потрошувачите на енергија и оние кои се занимаваат со производство, снабдувачите на светските пазари се чувствуваат смирени, стабилни и самоуверени, за снабдувањето и потрошувачката да останат во рамнотежа.

    Според неговите зборови, двете земји секогаш одговараат на потребите на пазарот, имајќи ги предвид актуелните настани. Путин рече дека билатералните односи меѓу Русија и ОАЕ „се развиваат многу успешно“.

    – Минатата година растот на трговскиот промет изнесуваше 65 отсто, а оваа година, и покрај сите тешкотии, растот продолжува – не толку голем како минатата година, но сепак 17 отсто – заклучи рускиот претседател.

    Шеикот Мохамед привлече внимание со патиките кои ги носеше на средбата со Путин.

    Тој е познат по тоа што на деловните состаноци се појавува во удобни чевли, па така било и овојпат.

    „Удобноста пред сè“, се пошегувал еден корисник на Твитер.

    „Мохамед станува новиот моден гуру“, додава друг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img