More

    Протекоа фотографии од Пике како се бакнува со новата девојка во јавност

    spot_img

    Неодамна Жерар Пике и Шакира раскинаа по 12 години врска во кои добија две деца.

    Сега фудбалерот на Барселона се појави со нова девојка. Тие двајца се појавија за време на концерт, заедно со неколку пријатели. Очевидци изјавија за „Мундо Депортиво“ дека Жерар Пике и Клара Чиа Марти не се срамат да ја покажат својата љубов.

     

    Фотографиите силно ја погодија Шакира, која „многу се налути откако во јавност го виде таткото на нејзините деца со нова девојка“.

    Згора на тоа, на колумбиската пејачка ѝ бил потребен терапевт, а по „нервниот слом“ побарала специјализирана помош.

    Информацијата ја откри Џорди Мартин, познат истражувачки новинар од Шпанија, близок до парот Шакира – Пике.

    Фотографиите на дефанзивецот на Барселона и неговата нова партнерка предизвикале длабока болка кај Шакира, бидејќи пејачката веќе била сериозно погодена од разделбата од таткото на нејзините деца.

    „Шакира е уништена. Потребен ѝ беше психолог откако ги виде фотографиите на Жерар Пике и неговата нова партнерка“, рекол Џорди Мартин, пренесува „Music Mundial“.

    Познатиот новинар изјавила и дека „Шакира не очекувала вакво предавство од Пике, со кој сакала да го помине остатокот од животот“.

    Идентитетот на жената со која Жерар Пике ја изневеруваше Шакира остана скриен околу два месеци.

    На почетокот на јуни, кога пејачката и официјално објави дека се разделува од фудбалерот, Клара Чиа Марти ги избриша сите свои профили на социјалните мрежи и ја „снема“.

    Исто така, тогаш Шпанците успеале да откријат дека името на жената започнува со буквата „К“, но и дека има 23 години. Оваа недела познатиот таблоид „Ел Периодико“ го откри идентитетот на младата жена, но и некои детали за неа.

    Според изворот, Марти и Пике се запознале во еден бар пред неколку месеци и оттогаш се во врска. Работела како келнерка кога го запознала играчот на Барселона, но сега работи во „Космос“, компанијата на фудбалерот.

    „Таа е студентка за односи со јавноста, кој исто така работи во неговата канцеларија и организира настани. Тие ја чуваа својата врска во тајност, но сите околу нив навистина знаат што се случува“, рекол извор кој го открил нејзиниот идентитет.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img