More

    Проруската пратеничка од Доњецк, Марија Пирогова била убиена при украинското гранатирање

    spot_img

    Руските власти објавија дека проруската пратеничка од Доњецк, Марија Пирогова (29) била убиена при украинското гранатирање.

    Таа е пратеник во Парламентот на Доњецк од 2018 година и ја претставуваше проруската страна.

    Денис Пушилин, лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, објави дека Марија Пирогова била убиена во битка, пренесува „Euro Weekly News“.

    – Само што дознав дека е убиена Марија Пирогова, член на Националниот совет, доброволец. Маша! Не ми се верува… – напиша тој на својот канал на Телеграм.

    – Таа беше пример за добрина. Беше навистина благородна личност. На сите им помагаше. Беше полна со енергија и таленти – изјави по повод нејзината смрт Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донбас.

     

    Проруските сепаратисти прогласија независност на Луганск и Доњецк уште во 2014 година. Рускиот претседател Владимир Путин официјално ја призна независноста на овие два региона на 21 февруари годинава.

    Три дена подоцна, во Украина избувнаа судири, при што голем број луѓе беа убиени и раселени.

    Руските власти и оддадоа почит на Марија, велејќи дека таа со години напорно работела за да им помага на децата. Марија дипломирала на музичката академија и била во брак со волонтерот Александар Херскулов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img