More

    Пронајдено телото на шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин

    spot_img

    Руските медиуми објавија дека по вчерашната авионска несреќа во близина на Москва е пронајдено телото на шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Неговото тело е пренесено во Тверското регионално биро за судска медицина.

    Во близина на Бирото за судска медицина распоредени се голем број полицајци.

     

     

    Откако беше потврдено дека Пригожин загина во авионска несреќа, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда.

    – Многумина зборуваат што ќе направи „Вагнер“ во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Чекајте н

    ѐ – истакна еден член на „Вагнер“.

    Претходно беше објавено дека конвој возила на „Вагнер“ се движат од Белорусија кон Русија, но таквата информација не е официјално потврдена.

    Руското Министерство за вонредни состојби вчера соопшти дека приватен авион „Ембраер Легаси“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урнал во близина на селото Куженкино во Тверската област. Во авионот имало 10 лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот и сите загинале. Пригожин и командантот на „Вагнер“, Дмитриј Уткин биле на списокот на патници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img