More

    Променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

    spot_img

    Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места особено попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираше УХМР.

    Локално, посочуваат оттаму, процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

    „Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови. Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Повремено пороен дожд и грмежи ќе има преку ноќта кон понеделник и во понеделник. Повеќе врнежи во следниве два дена ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура во однос на денешната ќе биде пониска претежно за 6 до 8 степени“, соопшти УХМР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img