More

    Приватните превозници не ги тргаат блокадите,продолжува сообраќајниот хаос во Скопје

    spot_img

    Приватните автобуски превозници продолжуваат со блокадите на неколку од главните сообраќајни точки во главниот град. Според досегашните изјави од нивна страна, тие нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје.

    Градските власти, од друга страна, најавуваат дека денеска ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници на линиите со број 20 и 22. На огласот не смеат да се јават досегашните превозници „Слобода Превоз” и „Макекспрес” поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна.

    Град Скопје за време на овие два дена не излегоа со став во однос на протестите и барањата на приватните автобуски превозници.

    – Нема никаква реакција од Градот Скопје, никој ништо не кажува од нивна страна, засега блокадите ќе останат – изјави за МИА, директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз”, Ленин Јовановски.

    Тој рече дека чекале известување од Градот за да видат што ќе прават, но нема никаков пристап или понуда за договор, и, како што нагласи, засега блокадите остануваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img