More

    Принцот Хари теши вработена на аеродром

    spot_img

    Принцот Хари е виден како утешително прегрнува вработена на аеродромот во Абердин, откако таа му изразила сочувство за смртта на неговата баба, кралицата Елизабета. Овој настан се одвивал додека тој се подготвувал да ја напушти Шкотска со авион, а откако во петокот наутро ја напуштил кралската резиденција Балморал, пишува „Дејли мејл“.

     

    На снимените фотографии може да се види Хари, облечен во црн костум и со чанта преку рамото, е придружуван од жена во рефлективен елек како разговараат. Во еден момент Хари утешително ја прегрнал, а потоа се качил во авионот.

    Принцот Хари побрзал да биде со својата баба, кралицата, пред нејзината смрт во четвртокот вечерта, но за жал, пристигнал само неколку часа откако нејзината смрт беше официјално објавена и не можел да се збогува со неа. Хари се вратил во Виндзор за да биде со сопругата Меган Маркл, која не отишла со него во замокот Балморал, каде вчера попладне се собраа блиските членови на кралското семејство.

     

    Не е познато дали војводата и војвотката од Сасекс ќе останат во Велика Британија до погребот на кралицата, чиј датум допрва треба да биде објавен.

    Странските медиуми подоцна дознаа дека вработената во аеродромот во Абердин е Филис Стјуарт, менаџерка на консиерж службата и дека е позната по својата добротворна работа. Имено, таа помогнала да соберат 200.000 фунти за сиромашните деца на нејзината претходна работа во „Бритиш ервејс“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img