More

    Принцезата Шарлин била сместена на клиника што чини 43.000 евра неделно

    spot_img

    „Најтажната принцеза на светот“, како што ја нарекуваат принцезата Шарлин од Монако, конечно се врати дома откако помина четири месеци во установа за ментално здравје.

    Од Палатата истакнаа дека Шарлин е подготвена да ги продолжи своите кралски должности со нејзиниот сопруг принцот Алберт и нејзините деца, близнаците Жак и Габриела, пренесува магазинот „Пипл“.

    „Нејзиното враќање дома е резултат на големата грижа што ја имаше на клиниката, а сѐ беше одобрено од нејзините психијатри“, додаваат од Палатата.

    Престојот на принцезата Шарлин во луксузната швајцарска клиника чинел 43.000 евра неделно, пишува „Дејли мејл“. Се наведува дека ова е една од најдобрите клиники за ментално здравје, но и за борба против зависности.

    Клиниката на своите пациенти им нуди индивидуализирани програми, а сите пациенти се сместени во луксузни соби или апартмани. Имаат библиотека, деловни канцеларии, простории за сликање и спа центар, а храната ја подготвуваат најдобрите готвачи.

    Принцезата Шарлин беше однесена во установата само 10 дена по враќањето од Јужна Африка, нејзината родна земја, каде што престојуваше со месеци.

    – Таа очигледно е исцрпена, физички и емоционално. Преоптоварена и не може да се справи со службените должности, со животот воопшто, па дури и со семејниот живот. Тоа секако е фактор – рече тогаш нејзиниот сопруг, принцот Алберт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img