More

    Преживеаните грабаат сѐ пред себе од маркетите, има и уапсени

    spot_img

    Преживеаните во областите погодени од земјотресот во Туркије се во очај и во беизлезна ситуација, па поради тоа тие се втурнати во егзисентцијална битка.

     

     

    Како што може да се види на видеата споделени на социјалната мрежа Твитер, луѓето од овие области од продавниците грабаат кој што ќе стигне.

     

     

    Ердоган денеска ќе посети уште три области на југот на земјата кои се погодени од разорните земјотреси, јавуваат турските медиуми. Ќе ги посети јужните градови Газиантеп, Османије и Килис, кои се наоѓаат во близина на границата со Сирија, објави ТРТ Хабер.

    Бројот на загинати во разорниот земјотрес, кој во понеделникот ги погоди Туркије и Сирија е најмалку над 16.000 лица.

     

     

    Две лица, наводно сириски државјани, кои упаднале во зградите во квартот Ислахије во Газиантеп и краделе, биле претепани од јавноста и предадени на екипите на жандармеријата.

     

     

    Полицијата објави фотографии и од оние кои беа фатени со образложение дека ограбувале во зоната на земјотресот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img