More

    Претставникот на Демократската партија (ДП) Саимир Кореши активираше неколку димни бомби вечерва во албаљнскиот Парламент

    spot_img

    Претставникот на Демократската партија (ДП) Саимир Кореши активираше неколку димни бомби вечерва во албаљнскиот Парламент.

    Салата беше исполнета со чад, а претседавачот Линдита Никола го исфрли Кореши од седницата и побара интервенција на обезбедувањето за да се воспостави ред.

    Непосредно пред да се активираат димните бомби, дел од опозициските претставници направија барикада со столчињата пред говорницата.

    Лидерот на ДП Сали Бериша рече дека не може да влијае на претставниците.

    – Опозицијата е решена да не дозволи нормален парламентарен живот додека не се исполнат нејзините барања: формирање истражни комисии, вклучување во комисијата за изборни реформи, откажување на мнозинството од мешање во внатрешните работи на опозицијата – рече тој.

    Додека салата беше полна со чад, зборуваше министерот за внатрешни работи Таулант Бала. Тој им порача на претставниците на ДП да се спротивстават на обидите на поединци да ги злоупотребат за свои интереси, мислејќи на поранешниот премиер Бериша.

    Пиротехниката во салата ја донеле двајца колеги на Кореши, пренесуваат албанските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img