More

    Претседателот на Европскиот совет: Нема да ги заборавиме жртвите на геноцидот во Сребреница

    spot_img

    Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница, велејќи дека жртвите и неизмерната болка од нивната загуба никогаш нема да бидат заборавени.

    „Денес се сеќаваме на трагедијата на геноцидот во Сребреница. Нашите срца се со семејствата и нивните најблиски кои ја претрпеа оваа неизмерна загуба. Никогаш нема да ги заборавиме“, напиша Мишел на својот Твитер профил и додаде:

    „Борбата против омразата, негирањето на злосторствата, реториката на поделби – е најдобриот начин да се изгради подобра иднина за Босна и Херцеговина и Западен Балкан.

    Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари денеска ќе се одржи комеморацијата на 28-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, погребот и вкупно 30 идентификувани жртви на геноцидот од јули 1995 година.

    Најмладата жртва што ќе биде погребана годинава е момчето Елвир Салчиновиќ, кој имал само 15 години кога бил убиен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img