На 13.11.2023 во 15.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода О.Ѓ.(43) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и пари во различни апоени.
Лицето било приведено во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.