More

    Премиерот ќе се откаже и од своите советници

    spot_img

    Со вчерашната владина одлука секоја набавка на мебел или на возила во државните институции, мора да биде одобрена од Владата и тоа ќе биде направено само во случај доколку е неопходно, нагласи денеска премиерот Димитар Ковачевски.

    Тој додаде дека во однос на мебелот и на возилата кога се правел Буџетот за 2022 година тековните трошоци се намалени за осум проценти, мебелот бил предвиден само за опремување на касарните и на училиштата таму каде што е потребно, а возила биле предвидени за инспекциските служби и за доминантната бројка и други институции каде што се неопходни.

    Во однос на другите трошоци, а тоа се тековните трошоци за стоки и услуги, што се ограничени со процент на намалување, како и трошоците за репрезентација што се ограничени со 50 процентно намалување, премиерот Ковачевски истакна дека контролата ја врши Министерството за финансии, бидејќи за сите институции има увид на дневна основа за нивното работење и трошоците.

    Јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, истакна премиерот, имаат обврска на три месеци да поднесуваат финансиски извештаи до Комисијата за економски систем, а потоа се разгледуваат и одобруваат на Влада.

    – Секој што нема да ја почитува таа одлука ќе биде санкциониран согласно законите за трговски друштва и за работни односи – предупреди премиерот Ковачевски.

    Инаку, Владата усвои антикризни мерки за рационализација на трошоците во јавниот сектор задолжувајќи ги сите буџетски корисници да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 проценти и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март.

    Премиерот Димитар Ковачевски најави и дека ќе го намали бројот на негови советници и дека ќе има најмалку од сите претходни премиери.

    Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на антикризните мерки на Владата, посочувајќи дека се задоцнети.

    „ Ковачевски, повторно доцни со мерките, како и со се останато. Џабе им се мерките за забрана за набавка на мебел, од едноставна причина доколку не знае Ковачевски, еве ќе му кажеме јавно да не биде неподготвен, бидејќи институциите веќе си набавија мебел од стотици илјади евра изминативе неколку месеци откако знаеле и институциите и Владата дека ќе има сериозна економска криза која што ќе се одрази на живеењето на граѓаните. МВР изминатиов период откако знаеле дека ќе има економска криза, наместо да прекинат со такви постапки за непродуктивни трошоци, набавиле мебел во вредност од 250.000 евра, внимавајте 250.000 евра или 15.400.000 денари набавка на мебел во министерството за внатрешни работи. Ако ова не е смеење на Владата кон граѓаните во лице, не знам што друго“, порачаа од опозициската партија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img