More

    Познатиот метеопрогнозер Славчо Попоски: Викендов Македонија ќе биде зафатена од медитерански циклон

    spot_img

    Познатиот метеопрогнозер Славчо Попоски прогнозира дека за време на викендов Македонија ќе биде зафатена од медитерански циклон, па поради тоа се очекуваат обилни врнежи на дожд и многу силен ветер, кој ќе достигне брзина од над 70 километри на час.

    Попоски за Плусинфо вели дека уште денеска времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и натпросечно топло, со максимални дневни температури од 19 до 24 степени. Сепак, до крајот на денот облачноста од запад ќе се зголеми. Во Скопје и околината и утре ќе се задржи стабилно, суво и сончево време, со мала до умерена облачност, со температири до 22 степени. Но, до крајот на денот (сабота, 5 ноември), облачноста ќе се зголеми.

    – За време на викендот територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност од Медитеранот, која ќе услови поинтензивни врнежи од дожд и засилен, локално и повремено силен ветер (над 70 километри на час) од југоисточен правец. Локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 40 литри на метар квадратен). Температурите ќе забележат значителен пад, за околу 10 степени во споредба со сегашните, особено во недела кога ќе се движат од 10 до 16 степени. Исто така,ќе има услови и за ретка појава на грмежи – објаснува Попоски.

    Како што вели тој, поради падот на температурите, на највисоките планински места низ Македонија, над 2000 метри надморска височина, ќе има услови и за провејување на снег.

    Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека за време на викендот ќе преовладува облачно време, со повремени врнежи од дожд.

    – Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, над 35 литри на метар квадратен, особено утре во ноќните часови и во недела претпладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер, над 65 километри на час, од југоисточен правец. В недела ќе има значително намалување на дневните температури. Од понеделник времето ќе биде стабилно, со утринска магла по одделни котлини – велат од УХРМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img