More

    Повик од ЕСМ да штедиме за да имаме за цела зима

    spot_img

    АД ЕСМ ги повикува сите, согласно можностите, доследно да се придржуваат кон мерките за штедење на електрична енергија, како дел од севкупното движење во Европа за намалување на потрошувачката на струја.

    АД ЕСМ како производител на 70% од вкупната електричната енергија во државата, што ја покрива 100-процентно целокупната потреба на граѓаните и малите потрошувачи (мали фирми и јавни институции), апелира секој поединец да даде максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, со свој личен влог.

    – ЕСМ ќе ги вложи сите напори да ја произведе целата електрична енергија која е потребна за граѓаните до крајот на грејната сезона и да ја има во доволни количини, но граѓаните треба да знаат дека секој киловатчас кој ќе го заштедат, ќе значи помалку трошење на јаглен, мазут и гас за негово производство. Тоа значи заштеда на големи средства од државниот буџет, средства кои се на сите нас, бидејќи цените за набавка на енергенсите се енормно зголемени – ветуваат од ЕСМ.

    Со почетокот на глобалната енергетска криза, цената на мазутот е зголемена за речиси 100%, на јагленот за над 200%, а на гасот за 700%. Цената за набавена електрична енергија е покачена за 1000%. Ваквите цени, во услови на криза, државата и граѓаните тешко ќе можат да ги поднесат.

    – Доколку се придржуваме до мерките, енергијата која ќе се заштеди, АД ЕСМ ќе може да ја пренасочи кон стопанството, посебно кон големите фирми и институциите, кои купуваат струја на слободниот пазар по енормно високи цени, и на тој начин ќе можеме да им понудиме одредена количина по пониски цени, со што ќе се намалат нивните трошоци за работа. Само со штедење на електричната енергија, сите ние можеме многу да им помогнеме на болниците, училиштата, градинките, како и на нашата економија, и заедно да излеземе од оваа наметната криза – се додава во повикот од ЕСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img