More

    Повеќе жртви по пукањето за време на прославата на кинеската Нова година во Калифорнија

    spot_img

    Пукање за време на прославата на кинеската лунарна нова година во Калифорнија, медиумите јавуваат дека има повеќе жртви.Полицијата реагира на нападот во паркот Монтереј, град источно од Лос Анџелес, со видеа на социјалните мрежи на кои се гледа како полицајци пристигнуваат во областа и пожарникари им помагаат на жртвите, пишува Sky news.

    Десетици илјади луѓе се собраа во саботата попладне на дводневниот фестивал, кој се смета за еден од најголемите во регионот.Како што пренесува LA Times, пукањето се случило околу 22 часот.

    Сеунг Вон Чои, сопственик на ресторан од другата страна на улицата од каде што се случи пукањето, изјави за ЛА Тајмс дека три лица упаднале во неговиот ресторан и му рекле да ја заклучи вратата. Му кажале дека во околината има човек со оружје. Како што рекоа, вооружениот напаѓач со себе имал неколку парчиња муниција. Чои рече дека верува оти пукањето се случило во блиската дискотека.

    Tanjug/AP Photo/Jae C. Hong
    Десетици илјади луѓе се собраа во саботата на почетокот на дводневниот фестивал, еден од најголемите лунарна новогодишни настани во регионот. Во текот на денот публиката уживаше во шопинг за кинеска храна и накит.

    Џон (27) живее во близина на местото на пукањето. Тој дошол дома околу 22 часот и слушнал за четири или пет истрели, рече тој. Потоа слушнал како полициските сили се спуштаат по улицата. Тој слезе околу 23:20 часот за да види дали имало пукање на новогодишниот фестивал, пишува ЛА Тајмс. Излегол на местото на пукањето и видел како едно лице го ставаат на носилки. Друго лице имало завој на раката.

    Повредените лица се префрлени во неколку болници во областа. Не е познато дали осомничениот е приведен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img