More

    Потона запалениот брод со над 4.000 автомобили

    spot_img

    Големиот товарен брод кој превезуваше автомобили од Германија до САД потона во близина на португалските Азори, 13 дена откако се запали, соопштија пристанишните власти. Бродот превезувал околу 1.100 возила Порше, изјави портпаролот на Порше. На бродот имало и возила Ауди, но нивниот број не е познат.

    Во интерна е-пошта од Фолксваген САД се наведува дека бродот превезувал 3.965 возила од Фолксваген, Порше, Ауди и Ламборџини, пишува германскиот весник Ханделсблат.

    Бродот „Фелисити Ас“ долг 200 метри потона и покрај обидите да се повлечен до пристаништето, бидејќи претрпе структурни оштетувања.

    Хеликоптер на португалските воздухопловни сили евакуирал 22 членови на екипажот кога избувнал пожарот, па бродот продолжи да плови.

    Не е наведено колку автомобили имало на бродот, но бродови со големина на „Фелисити Ас“ можат да превезуваат најмалку 4.000 возила.

    Европските производители на автомобили одбија да разговараат за бројот и моделите на возила кои биле натоварени на бродот.

    Причината за пожарот не е позната, а португалските власти претпоставуваат дека пожарот го предизвикале литиумските батерии кои се користат во електричните возила, иако наведуваат дека немаат цврсти докази.

    Властите стравуваат од загадување на океаните, иако засега нема индикации дека нафтата истекла од резервоарот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img