More

    Поранешниот претседател оставен сам да се бори за втора кандидатура

    spot_img

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно е во трка да стане републикански претседателски кандидат, но овојпат во неговата кампања никаде ја нема Меланија Трамп. Според него, целиот процес на кандидирање и на водењето кампања е една „гадна и подла работа“, но како што вели, тој очекува Меланија наскоро да му се придружи.

    Пред неколку недели „Њујорк тајмс“ објави поинаква информација. Според весникот, Меланија неколку пати одбила да му се придружи на својот сопруг за време на изборната кампања.

    Минатата недела за време на фудбалски натпревар на кој беше присутен и Доналд Трамп над стадионот прелета авион со транспарент „Каде е Меланија?“. Секако, тоа не остана незабележано, а во јавноста се почесто се поставуваше прашањето „Каде е Меланија?“.

    Водителот на дебатна емисија Кристер Велкер токму тоа прашање му го постави на поранешниот претседател во интервју оваа недела: Дали наскоро ќе ја видиме Меланија Трамп?

    – Да. Наскоро? Да, прилично брзо. Кога е соодветно, но прилично брзо. Таа е специфична личност, одлична личност, многу самоуверена и многу ја сака нашата земја. И искрено, сакам да ја држам надвор од тоа. Ова е толку гадно и толку злобно – одговори Трамп.

    Тајмс во јули објави и за причината поради која Меланија не сака да се појавува за време на изборната кампања. Имено, таа го одбила барањето на сопругот да му се придружи бидејќи се чувствува изневерена од вработените и пријателите за време на нејзиниот престој во Белата куќа.

    И покрај нејзиното одбивање, извори блиски до Трамп тврдат за медиумите дека таа сè уште ја поддржува неговата кандидатура и дека верува дека тој би можел повторно да се кандидира за претседателската функција.

    Меланија исто така не се појавила на ниту едно од судските рочишта на кои беше повикан неодамна нејзиниот сопруг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img