More

    Поранешната тинејџерска ѕвезда Аманда Бајнс е сместена на психијатриско одделение во болница откако гола талкала низ улиците на Лос Анџелес

    spot_img

    Поранешната тинејџерска ѕвезда Аманда Бајнс е сместена на психијатриско одделение во болница откако гола талкала низ улиците на Лос Анџелес, дознава ТМЗ. Извор изјави за споменатиот медиум дека ја видел Бајнс како шета во близина на центарот на Лос Анџелес во неделата рано наутро без никаква облека на себе.

    Актерката наводно мавтала по автомобилите, велејќи му на возачот дека се опоравува од психотична епизода. Тогаш и сама се јавила на бројот за итни случаи. Бајнс потоа била одведена во блиската полициска станица, каде што тимот за ментално здравје утврдил дека треба да биде ставена под психијатриско набљудување.

    Поранешната тинејџерска ѕвезда Аманда Бајнс е сместена на психијатриско одделение во болница откако гола талкала низ улиците на Лос Анџелес, дознава ТМЗ.

    Бајнс, пишува ТМЗ, не била повредена. Извор близок до актерката вели дека таа во моментот е хоспитализирана и ќе биде на набљудување во следните неколку дена. Психијатриското набљудување обично трае 72 часа, но може да се продолжи.

    Потсетуваме, Аманда Бајнс беше една од најпопуларните детски ѕвезди на телевизија и Холивуд. Таа, меѓу другото, глумеше во филмовите „Big Fat Liar“, „What a Girl Wants“, „She’s the Man“, кои и денес се прикажуваат на телевизиските канали. Таа беше една од најнадежните и најталентирани млади холивудски актерки. Меѓутоа, Аманда станала зависна од дрога и набрзо била толку лошо што повеќе не можела да глуми.

     

    Аманда во 2013 година заврши во притвор поради подметнување пожар во ресторан во населбата каде што пораснала, по што психијатриското вештачење утврдило дека има биполарно растројство. Потоа, таа беше ставена на конзерваторство. По години поминати на рехабилитација и домашна изолација, Аманда навидум изгледаше дека е во ред, во меѓувреме и се сврши со своето момче, а требаше и да се врати на глумата. Но, новата немила случка во нејзиниот живот, очигледно ги прекина плановите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img