More

    Поради дојавите за бомби, откажана е денешната годишна конференција на Стопанската комора во Скопје, на која требаше да се обрати премиерот Ковачевски

    spot_img

    Поради дојавите за бомби, кои утрово биле испратени до хотелот „Александар Палас”, откажана е денешната годишна конференција на Стопанската комора на Северна Македонија, на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Гостите и вработените се евакуирани од „Александар палас”, а полициски екипи го проверуваат објаектот.

    Дојава со закана со бомба добил и Меѓународниот аеродром – Скопје, поради што се евакуираат и патниците и вработените, а откажани се сите летови и повикана е полицијата да изврши проверка. Привремено е затворен и се вршат проверки и во „Ист гејт мол”.

    Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои е предвидено да присуствуваат политичари. Освен Ковачевски на конференцијата требаше да учествуваат и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.

    Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.

    МВР потврдува, дојави на сите страни!

    Од изутрината во СВР Скопје и СВР Битола информираат дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел „Александар Палас“, хотел „Мериот“, трговски центар „Ист Гејт Мол“, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

    Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img