More

    Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува ветер со 60km/h

    spot_img

    Времето утре ќе биде претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, локално поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер (60 km/h) од југозападен правец.

    Минималните температури ќе се движат од 3 до 12 степени, максималните температури во текот на денот ќе се движат од 11 до 23 степени.

    Во Скопје претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Попладне сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

    Температурите во главниот град ќе се движат од 7 до 22 степени.

    Во петок времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

    Минимална температура ќе се движи од 2 до 9 степени, додека максимална температура од 19 до 26 степени.

    Во сабота времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

    Во недела времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img