More

    Пониските акцизи на горивото во Германија не резултираа со пониски цени на пумпите

    spot_img

    Значително пониските даноци за гориво во Германија ова лето не резултираа со пониски цени на пумпата, покажува истражувањето објавено неколку дена пред истекот на привремената владина мерка.

    Во јуни, германската влада ги намали акцизите за гориво на најниско ниво дозволено со регулативите на ЕУ за да го олесни товарот од високата инфлација. Воведе и месечен билет за јавен превоз по цена од девет евра.

    Двете мерки ќе бидат укинати во среда на полноќ.

    Според Институтот за економски истражувања RWI со седиште во Есен, намалените акцизи за гориво не резултираа со пониски цени за потрошувачите на пумпите.

    Нафтените компании и операторите на бензински пумпи го префрлија попустот на клиентите, но споредбата со цените во Франција покажа дека други фактори го неутрализираа намалувањето.

    Ефектот од намалените акцизи беше анулиран пред се од сушата и нискиот водостој на реката Рајна, што ги зголеми трошоците за транспорт, особено дизелот, а со тоа и зголемувањето на цените на пумпите, покажа истражувањето на RWI.

    Доколку не беа намалени акцизите, цените ќе беа уште повисоки, се посочува во извештајот, а разликата ќе стане видлива кога акцизите ќе се вратат на вообичаеното ниво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img