More

    Полицијата го ослободи Николовски, немал никаква врска со заканите

    spot_img

    По 10-часовно темелно испитување во полициска станица, МВР рано утрово го ослободи 23-годишниот Никола Николовски кој синоќа беше приведен како осомничен за лажните пријави за бомби во средните училишта ширум главниот град.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден помпезно ја соопшти информацијата дека конечно е приведен осомничениот за лажните дојави за бомби, но сепак, утрово токму тој осомничен е пуштен на слобода без никаква пријава, објави Радио Лидер.

    Целата збрка настанала откако испраќачите на заканите за поставени бомби го пишале името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите со закани, па полицијата веднаш тргнала да го апси човекот и да врши претрес во неговиот дом.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img