More

    Покренати две обвиненија, за семејно насилство и за помагање

    spot_img

    Скопјанец на 46-годишна возраст е обвинет дека на 29 мај во својот дом на улицата „Партение Зографски“ ја претепал својата вонбрачна партнерка. Без никаков повод и причина, тој со клоци и тупаници се нафрлил врз неа, ја удирал по лицето, главата, нозете, рацете, телото, од што таа добила тешки повреди, набиеници, подливи и повеќекратни скршеници на носните коски, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

    ОЈО поднело обвинителен предлог против 46-годишниот скопјанец за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и обвинение против уште едно лица, на 34-годишна возраст, кое во тој момент било присутно во домот на обвинетиот, но не презело ништо да ја заштити жртвата, туку напротив му давало совети и упатства како да го изврши кривичното дело. Во соопштението на ОЈО не е наведоно дали второобвинетиот бил во некакво сродство со првообвинетиот.

    Во домот била присутна и мајката на првообвинетиот, која се обидела да ја одбрани жртвата, но второобвинетиот ја запрел со зборовите: „Остани настрана, сами нека го решат проблемот, тоа е нивнa личнa работа”.

    Дополнително, второобвинетиот во моментите на физичкиот напад го бодрел сторителот со зборовите: „Ако треба, заедно ќе ја издржиме казната”.

    За првообвинетиот, за кого претходно беше определена мерка притвор, јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи притворската мерка. Предлог за определување мерка притвор беше поднесен и за второобвинетиот, но Судот не го прифати предлогот на обвинителот и не определи мерки, па по приемот на решението надлежниот јавен обвинител ќе вложи жалба на ваквата судска одлука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img