More

    Подољнак испрати список до Западот за оружјето кое им треба

    spot_img

    Подољак го повика Западот да достави 300 ракетни фрлачи, 500 тенкови, 2.000 оклопни возила и 1.000 хаубици во Украина пред клучниот состанок во среда. Станува збор за состанок на министрите за одбрана во Брисел.

    – Би биле потребни 300 ракетни системи за повеќекратно лансирање, што е значително повеќе од седумте ракетни системи што ни ги испратија досега САД и Велика Британија – напишал Подољак, чиј список вклучува хаубици од 155 милиметри, стандард на НАТО. Соединетите Американски Држави ѝ доставија 109 хаубици на Украина до крајот на мај.

    Со состанокот на министрите за одбрана во Брисел ќе претседава американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. На состанокот ќе се разговара за идните донации на оружје, трет таков состанок од почетокот на војната. На состанокот ќе присуствува и британскиот министер за одбрана Бен Валас.

    Состанокот ќе се одржи сега кога украинската армија се бори да се спротивстави на интензивниот напад на руската артилерија врз источниот регион Донбас. Засега Украина таму губи и за неколку дена загинаа 200 војници, пишува Гардијан.

    Поради ситуацијата во Донбас, средбата е особено важна за Киев, кој сака брзи и значителни испораки на муниција. Нивната цел е да ги истераат руските војници од нивната територија пред да се промени времето.

    Некои експерти велат дека твитот на Подољак најдобро се толкува како алатка за преговори. Но, тие се прашуваат дали таквото отворено лобирање би можело да биде контрапродуктивно, особено со земји како Германија. Германија е побавна во испораката на оружје за Украина отколку САД и Велика Британија.

    Оружјето од Германија било испратено кон крајот на април и вклучувало хаубици и тенкови Гепард. Сепак, артилеријата се очекува да пристигне кон крајот на јуни, а специјалните оклопни возила ќе пристигнат дури во јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img