More

    Почесниот конзул им честита на Малтежаните за храбрите одлуки

    spot_img

    Почесниот конзул на Малта во Република Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, испрати честитка по повод Денот на Републиката на Малта, со кој се одбележува промената на државното уредување на Малта од монархија како дел од Британската круна, во Република.

    Како што се соопштува, почесниот конзул Анѓушев упатил честитки до народот на Малта за храбрите државнички одлуки во минатото и за големите успеси во градење на републиката од страна на генерациите кои ја направија земјата дел од Европската Унија и една од најпросперитетните економии во Европа.

    Почесниот конзулат на Малта, отворен во Скопје во 2021 година, меѓу другото презема и активности насочени кон засилување на економските врски меѓу стопанствата на двете држави.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img