More

    Побарано да се симне статусот „најповолна нација“ за Русија

    spot_img

    САД заедно со Г-7 и Европската унија,  ќе преземат денеска иницијатива за да го отповикаат статусот на Русија „најповластена нација“ поради нејзината инвазија на Украина, изјавија за западни медиуми извори запознати со ситуацијата.

    Одземањето на статусот на Русија на фаворизирана нација го отвора патот на САД и нивните сојузници да воведат царини на широк опсег на руски стоки, што би го зголемило притисокот врз економијата која веќе оди во рецесија.

    Одземањето на рускиот статус на „Постојани нормални трговски односи“ со САД значително ќе го зголеми притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна.

    Потезите на Вашингтон кон Москва доаѓаат откако американски и европски претставници ја обвинуваат Русија за воени злосторства поради нејзиното бомбардирање на цивили во украинските градови, во услови на постојано прекршување на примирјето во кое секоја страна ја обвинува другата.  Сателитските снимки покажаа дека руската воена колона која му се закануваше на Киев од север е нови позиции, соопшти приватната американска компанија Maxar Technologies, веројатно како подготовка за напад врз главниот град.

    Американскиот Сенат вчера гласаше за одобрување на легислатива со која се обезбедуваат 13,6 милијарди долари за помош на Украина за финансирање на муниција и други воени резерви, како и хуманитарна поддршка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img