More

    По несреќата во Лариса му е уништена нивата, бара отштета од 2.000 евра

    spot_img

    Еден 90-годишен Грк побара отштета од Грчките железници откако неговата нива беше „прегазена“ за време на операцијата за пребарување и спасување по железничка несреќа во Темпа кај Лариса, во која загинаа повеќе од 50 луѓе.

    Според него, приносот на пченицата на тоа поле требало да биде четири тони.

    Како што пишува порталот „onlarissa.gr“, овој постар човек е сопственик на земјоделско земјиште кое се наоѓа во близина на местото на несреќата.

    Како што тврди во тужбата, за време на спасувачките напори и отстранувањето на двата воза, неговата нива била „прегазена“, предизвикувајќи штета.

    Според истиот извор, тој бара отштета од 2.000 евра, пренесува Прототема.

    Дека тужбата е поднесена потврди и заменик градоначалникот на Темпа, Јоргос Николау, кој рече дека овој сограѓанин не треба да се осудува.

    „Тој има целосно право да поднесе тужба. Но, станува збор за вонредни околности, за трагедија по која треба да се направат одредени работи. Во секој случај, зборот на правдата е последен“, рече Николау.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img