More

    По фантастичниот натпревар, БХ. фудбалерот испрати интересен коментар до Роналдо

    spot_img

    Кристијано Роналдо повторно е во одлична форма, а синоќа беше најдобар играч на натпреварот против Ал Вехда. Португалецот постигна четири гола и со тоа испиша историја.

    Роналдо ја скрши границата од 500 гола во натпреварите на националниот шампионат, а пофалби и честитки пристигнуваат од сите страни.

    Веднаш по пристигнувањето во соблекувалната, еден од најдобрите фудбалери во историјата на својот Инстаграм профил објави фотографии од играта со краток опис: „Одлично е чувството да се постигнат четири гола и да се достигне бројката од 500 првенствени голови во многу добра победа за нашиот тим“.

    Објавата собра речиси 11 милиони лајкови, а еден од играчите кој остави коментар е репрезентативецот на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ. Поранешниот соиграч од Јувентус испрати два емотикона на кралската круна што доволно добро покажува што мисли Пјаниќ за Роналдо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img