Плажите во украинскиот приморски град Одеса летово ќе останат затворени поради опасност од мини, изјави денеска шефот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко, пишува Нова.
– Нашата главна задача е да ги спасиме животите на луѓето. Затоа, заедно со градскиот совет на Одеса, беше донесена одлука плажите да останат затворени – рече Марченко.
Според него, веќе имало неколку смртни случаи предизвикани од пловечки мини, а овие трагедии се случиле „како резултат на игнорирање на безбедносните барања и барањата на администрацијата“.