More

    Петрова тврди дека власта го „штима“ повратот на ДДВ со буџетскиот дефицит

    spot_img

    Државата му должи на стопанството 90 милиони евра поврат на ДДВ заедно со каматите. Вкупно  74 милиони евра е долг за невратен ДДВ на крајот на првиот квартал, а 16 милиони евра е долг за камата за доцнење на исплатата, информира денеска дополнителната заменичка-министерка за финансии Елена Петрова.

    Во објавата на социјалните мрежи таа соопшти дека 1/10  од овој долг е постар од една година, додека само 4% од износот на ДДВ исплатен во првиот квартал е вратен во законскиот рок кој мора да го почитуваат УЈП и Министерството за финансии, како што и даночните обврзници мора да ги почитуваат законските рокови за нивните обврски. Околу 1/2 од износот на ДДВ исплатен во првиот квартал е по стари барања за кои рокот за враќање бил во 2023 и претходни години.

    -По истекот на кварталот, има невратен ДДВ по старите барања од претходни години. Не само што немаат капацитет за навремен сервис на стопанството со повратот на ДДВ, туку и не го заштитија Буџетот од поврат со фиктивни фактури, не ги детектираа и не ги спречија ваквите даночни измами – вели Петрова.

    Во првиот квартал од годината, додава Петрова, е исплатен поврат на ДДВ од 176 милиони евра.

    Петрова во објавата тврди дека власта повратот на ДДВ го користи како алатка со која влијае колкав ДДВ нето приход и колкав буџетски дефицит ќе искаже во фискалните извештаи.

    -Помалку исплатен ДДВ поврат (на штета на стопанството) во еден месец, значи дека ќе прикажат повисок буџетски нето приход и понизок буџетски дефицит во тој месец. Во услови кога должат на стопанството 90 милиони евра ДДВ поврат за исплата со камата, а од почетокот до сега во април вратија помал износ споредбено со април лани, будно ќе следиме и ќе информираме дали месецов ќе „забават” со повратот на ДДВ (на штета на стопанството!), со цел до крај на месецов да ја „нашминкаат” сликата за енормниот буџетски дефицит потрошен во првиот квартал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img