More

    Петличковски: Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип

    spot_img

    Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип, изјави за МИА претседателот на Комисијата Александар Петличковски.

    – Станува збор за редовен состанок и пресек на ситуацијата и ќе се види дали евентуално треба да се донесат некакви нови мерки – вели Петличковски.

    Во однос на големата кашлица попозната во јавноста како магарешка кашлица најмногу заболуваат бебиња до една година и деца и млади од 10 до 20 години, но не е исклучено да заболат и возрасни.

    – Не е исклучено, според СЗО, дека на четири до пет години, се случуваат пикови на зачестеност на појава на магарешка кашлица и кај повозрасни – информира Петличковски.

    Од двата случаја регистрирани во земјава, една била 29-годишна девојка, странски државјанин, веројатно со потекло одовде, која била разболена и дијагностицирана во странство, а по доаѓањето во земјава, го започнала третманот, а превентивно е започнато и со терапија на нејзините блиски. Другиот случај бил невакцинирано дете, што сега е на лекување во Детската клиника „Козле“.

    – Состојбата не е загрижувачка. Ова не е ништо вонредно или драматично, низ годините наназад, сме имале од нула до четириесетина случаи во последните пет години. Лани сме имале три случаи. Во годините наназад сме немале епидемија – нагласува Петличковски, посочувајќи дека во регионот имало многу повеќе случаи.

    Според Петличковски, вакцинацијата е најбезбедната, најсигурната и најефикасната заштита од магарешка кашлица и од сите други болести за кои постојат вакцини.

    Во однос на сезонскиот грип, Петличковски рече дека бројот на заболени е релативно зголемен во споредба со минатата година.

    – Но, ова се очекувани бројки. Не е ништо страшно и не е нешто неочекувано. Типичен старт на сезоната на грипот. При крајот на февруари се очекува пик, максимум од честотата на грип и слични болести на грип, истакнува Петличковски за МИА.

    Тој нагласува дека некоја специјална загриженост не треба да има кај луѓето кога е во прашање Ковид – 19. Единаесет проценти позитивност на тестови имало во последната недела. Тоа, додаде, не е голем процент. Препораките се дека треба да внимаваат постарите, како и оние со хронични болести и да се вакцинираат против грип и Ковид.

    – Како Комисија, на последните два состанока донесовме предлог-препорака до Министерството за здравство за воведување на препорака за носење заштитни маски во здравствени установи и аптеки. За да има тежина, таа препорака и да биде задолжителна, треба да помине низ Главниот кризен штаб на Владата. Оттука не сме добиле повратно. Значи, Комисијата препорачува, во согласност со препораките во светот – појасни Петличковски во изјавата за МИА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img