More

    Пендаровски: Очекувам во наредниве неколку месеци дека ќе престојат интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата во кои конечно ќе можеме да се убедиме дека ова е стратешки момент кој не смееме да го пропуштиме за иднината на државата

    spot_img

    Очекувам во наредниве неколку месеци, намерно потенцирам неколку месеци, дека ќе престојат интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата во кои конечно ќе можеме да се убедиме дека ова е стратешки момент кој не смееме да го пропуштиме за иднината на државата, истакна претседателот Стево Пендаровски во однос на најавените активности во Собранието за отворање на Уставот.

    При денешната работна посета на Општина Пустец во Албанија, шефот на државата рече дека не очекува отворање на Уставот да се случи во август.

    – Ставовите на двете групации во Собранието се многу јасни и досега не се променети. Од вторник понатаму почнува процедурата во Парламентот. Не очекувам првата фаза гласање за евентуално отворање на уставните промени да се случи во август, имам очекување дека тоа ќе биде најверојатно после годишните одмори, некаде крајот на септември. Инаку, целата временска рамка која се очекува евентуално да го промениме Уставот треба формално да заврши до 30 ноември, додека трае скринингот – посочи Пендаровски.

    Во однос на „Отворен Балкан“, Пендаровски истакна дека се надева дека ќе продолжи да постои.

    – Берлинскиот процес има неспорни структурни предности во однос на „Отворен Балкан“, главниот е тоа што сите шест западнобалкански држави се членки на Берлинскиот процес, а само три се досега во „Отворен Балкан“ и тоа е голем недостаток на иницијативата. Отворениот Балкан од самиот почеток, па сѐ до денеска, е замислен да биде една од многуте регионални иницијативи. На Западен Балкан има над 50 регионални иницијативи за сите овие години и служат за поврзување на народите и за правење услови за нивни подобар живот. „Отворен Балкан“ беше од тие иницијативи и јас се надевам дека во одреден формат тој ќе продолжи да постои – рече Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img