More

    Патријархот Порфириј го поддржа откажувањето на Европрајд во Белград

    spot_img

    Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј го поддржа откажувањето на Европрајд, чие одржување беше најавено во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

    „Оваа тема ни е вештачки наметната и е тотално против вредносниот систем на нашиот народ, како и на нашите браќа и сестри од други религии и народи со кои живееме. За ова директно ми посведочеа претставници на традиционалните Цркви и верски заедници. Затоа, откажувањето на оваа манифестација го сметам за правилно“, се вели во соопштението на Порфириј објавено на веб-страницата на СПЦ.

    Тој изјави дека во душата на православните христијани е всадено учењето на црквата, изразено веќе на првите страници на Библијата, каде што пишува дека „Бог го создаде човекот како два пола, како машки и женски, што значи дека бракот и семејството, од почетокот на светот до денес и до крајот на светот и векот, е дефинирано како заедница на љубов на маж и жена со нивните деца“.

    „Целосно ја разбираме фундаментално оправданата голема загриженост на нашиот народ кој во грубото промовирање и наметнување на политики и идеологии кои имаат за цел да ги уништат столбовите на кои со векови се гради нашиот идентитет, да направат сè да биде кревко, релативно и флуидно, да се почувствува длабоко и систематско загрозување на сите фундаментални вредности на кои им е верен со векови, особено на светињата на бракот и семејството“, напиша Порфириј.

    „Од овие причини, неколку пати во директен разговор со највисоките претставници на државата ги презентиравме причините поради кои сметаме дека е неопходно и оправдано да се откаже од Европрајд“, додаде тој.

    Патријархот на СПЦ исто така изјави дека црквата е „против секаква форма на насилство, јавно жигосување и прогон на кој било“.

    „Злото не се лечи и не се победува со насилство, туку на тој начин само се множи“, се вели во изјавата на Порфириј.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img