More

    Папараците го уловија актерот во портокалово издание

    spot_img

    Легендарниот холивудски актер Ал Пачино (82) ја изненади јавноста со изгледот на новите фотографии.

    Папараците го уловија пред ресторан во Холивуд, а на фотографиите има исончани образи, нос и чело, додека кожата околу очите и ушите и на вратот е за неколку нијанси посветла. Фотографиите на Пачино со портокалово лице брзо станаа вирални, а обожавателите се прашуваа што се случи со него.

    „Што не е во ред со лицето на Ал Пачино?“, „Дали се онесвести во чинија со болоњезе?“, „Пачино се подготвува за улогата на Трамп?“, се само дел од бројните коментари на социјалните мрежи.

    Со него овој пат беше и неговата 53 години помлада девојка Нур Алфала, од која не се разделува веќе неколку месеци. Тие првпат беа видени заедно во јавноста во април минатата година и веднаш привлекоа голем интерес во јавноста поради разликата во годините.

    Познато е дека Нур беше во врска со легендарниот музичар и фронтмен на Ролинг стоунс, Мик Џегер. По нивното раскинување во 2017 година, кружеа приказни и за нејзината романса со Клинт Иствуд во Холивуд, но оваа информација никогаш не беше потврдена. Љубовниот живот на Пачино никогаш не вродил со брак, а актерот има три деца со различни жени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img