More

    Оваа недела ќе се одржи 49. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

    spot_img

    На 21 декември 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 49. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

    На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Преглед на новиот калибриран DSGE модел за македонската економија“ од авторите Тибор Хледик, Јан Влчек, Јоана Маџоска и Мите Митески.

    По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.

    Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 20 декември 2023 година (среда).

    Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

    На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

    Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img