More

    Ова е порака до Русија, Иран, Кина и до Саудиска Арабија

    spot_img

    Централната воена команда на САД презеде многу необичен, речиси забранет чекор, откривајќи го присуството на својата подморница Охајо со нуклеарни балистички ракети во Арапското Море. Сето тоа пред јавноста беше претставено како посета на врховниот командант, генералот на американската армија Мајкл Курила. Во суштина САД ги покажа своите заби кон Русија, Иран, Кина и кон Саудиска Арабија, пренесува Мондо.

    „Ова е тешко да не се гледа како порака наменета за потенцијалните противници, како што се Иран или Русија, но и за американските сојузници и партнери“, пишува одбранбениот аналитичар Џозеф Тревитик во анализа за „The Drive“.

     

     

    Морнарицата на САД моментално има 14 подморници од класата Охајо со специјализирани балистички ракети. Повеќето подморници се вооружени со ракети „Trident D5“, кои можат да носат до 14 нуклеарни боеви глави.

    Владата на Соединетите Американски Држави има и други земји во регионот на кои исто така би сакала да ја сигнализира својата сила и присуство. Тоа ја вклучува Саудиска Арабија, наводен американски партнер кој пред извесно време им помогна на земјите-извозници од нафтениот картел ОПЕК да го намалат  производството, што може да доведе до повисоки цени.

    Аналитичарот заклучува дека овој потег може да биде порака и до Кина, бидејќи американската војска сè уште ја гледа Кина како своја главна закана и редовно изразува загриженост поради можноста Пекинг да започне воена интервенција против Тајван. Каква и да е пораката, пишува тој на крајот, в

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img